ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2025 за набавка на услуги
За потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН Програмата подржана од Европска Унија и имплементиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, врз основа на Договорот за грант, Сојузот на Стопански Комори на Македонија објавува:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2025
За набавка на услуги – Анализа на секторите на Сина Економија во РСМ, и анализа на пазарот на работна сила во секторите на Сина економија во РСМ
- Сојузот на Стопански Комори на Македонија – ССКМ за потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН програмата подржана од Европска Унија во кој Сојузот на стопански комори се јавува како проектен партнер, а врз основа на Договорот за грант спроведува набавка за спроведување на детална анализа на секторите во областа на Сина економија и анализа на пазарот на работна сила во претходно наведените сектори на територија на Република Северна Македонија.
