
Посета на технолошкиот и инженерскиот центар Engineering City, Ереван
Дел од тим на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), заедно со проектниот менаџер на Иннофеит проектот – Весна Кузмановиќ, во рамки на проектот реализираа дводневна посета на Engineering City, водечки ерменски технолошки и инженерски центар кој обединува компании, лаборатории и образовни институции. Посетата претставуваше можност за директно запознавање со развојот на современ инженерски и технолошки екосистем, како и со практични примери на поврзување на бизнис секторот, истражувачките капацитети и образованието.
Во рамки на посетата беше реализирана средба во Enterprise Incubator Foundation, каде учесниците имаа можност да се запознаат со активностите и инфраструктурата насочени кон поддршка на технолошкиот и иновативниот сектор. Посебен дел од посетата беше посветен на Physical AI, Robotics and Smart Manufacturing Lab, со фокус на современите технологии во областа на вештачката интелигенција, роботиката и паметното производство.

Програмата продолжи со посети на National Instruments Emerson и Engineering City Factory, преку кои беше овозможен увид во примената на напредни инженерски решенија и производствени технологии, како и во практичната поврзаност меѓу иновациите и индустријата.
Посетата заврши со Museum of Science and Technology, каде учесницитеимаа можност да се запознаат со развојот на науката, технологијата и инженерството и нивното значење во создавањето современи технолошки капацитети. Целокупната посета на Engineering City овозможи непосредно запознавање со модел на технолошки и инженерски развој кој ги поврзува компаниите, лабораториите и образовните институции во единствен екосистем.