На вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење.
Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор. Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисоти вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.
ССК е вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.
Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.
Our sweet clients say
Maxim smith
Mariana Doe
Chris Doe
