Одржана втора ToT обука за обучувачи во рамките на RECONOMY проектот

Одржана втора ToT обука за обучувачи во рамките на RECONOMY проектот

На 11 август 2026 година (вторник), во просториите на Јавна Соба, се одржа втората обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) во рамките на RECONOMY проектот, кој Сојузот на стопанските комори (ССКМ) го спроведува во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation.

Обуката претставува продолжение на серија од пет ToT сесии насочени кон зајакнување на капацитетите на обучувачите и поддршка на дигиталната трансформација и модернизацијата на транспортниот и логистичкиот сектор.

Посебен акцент беше ставен и на примената на дигитални алатки во работата на обучувачите, со цел да се унапредат нивните методи на работа и да се креираат поинтерактивни и современи обуки. По завршувањето на циклусот од ToT сесиите, обучувачите ќе реализираат обуки за компании од транспортниот и логистичкиот сектор, фокусирани на клучните компоненти на проектот (воведувањето и имплементацијата на e-CMR, поддршката на концептот One-Stop-Shop и поефикасни административни постапки), како и унапредувањето на техничките и дигиталните вештини на раководството и вработените во компаниите.

 

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.