
Кредитирање на македонски компании преку средства од Светска банка
Почитувани,
Ве информираме дека во соработка со IFC (International Finance Corporation – членка на Групацијата Светска банка) се разгледува можност за обезбедување финансиска поддршка за приватни македонски компании со потенцијал за раст и развој.
Потенцијални компании кои би можеле да бидат предмет на разгледување се оние што ги исполнуваат следните критериуми:
1. Приходи од приближно 10 милиони евра/долари или повеќе,
2. EBITDA од 3–4 милиони евра или повеќе,
3. Компанијата да е во приватна македонска сопственост и да има јасно дефинирани планови за понатамошен раст.
Цениме дека ова е одлична можност за компаниите членки на ССКМ и во тој контекст ги покануваме заинтересираните компании кои ги исполнуваат наведените критериуми да достават:
• тековна состојба,
• завршна сметка за 2025 година
• краток опис на инвестицискиот план (една реченица во самиот емаил).
По приемот на документацијата, ССКМ ќе ја преземе обврската за понатамошна комуникација со IFC, ќе посредува во евентуално организирање заеднички состанок (директен или онлајн) и ќе ги информира компаниите доколку биде потребно доставување дополнителна документација.
Ги замолуваме заинтересираните компании кои ги исполнуваат наведените услови да ги достават потребните информации на info@chamber.mk и violeta@chamber.mk, со наслов на
Предметот во емаил-от „IFC Credit Line”, најдоцна до 17 август 2026 година.
Со почит,
Сојуз на Стопански Комори на Македонија
