
Побрз пристап до современи лекови – подобра здравствена заштита за пациентите!
🏥 Побрз пристап до современи лекови – подобра здравствена заштита за пациентите!
Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) при Сојузот на стопански комори на Македонија ги поддржува препораките на Американската стопанска комора во земјава за поефикасни постапки и поголема достапност на лековите и медицинските средства.
За КИПЗ, приоритет е законските промени да донесат конкретни придобивки за пациентите:
✅ Поедноставени постапки за лекови одобрени во ЕУ врз основа на оценка на ЕМА или од американската ФДА.
✅ Редовно ажурирање на позитивната листа за поголема финансиска достапност на терапиите.
✅ Ефикасна примена на посебните договори за иновативни лекови.
✅ Дигитализирани процедури, јасни рокови и побрзо одлучување.
✅ Поголема поддршка за превенцијата и раното дијагностицирање.
Со зачувување на високите стандарди за квалитет и безбедност, потребни се решенија што ќе го скратат патот од одобрувањето на лекот до неговата примена во лекувањето.
🤝 Заедничката цел е јасна: навремена терапија, континуирана грижа и поквалитетен живот за пациентите.