Започна дводневната регионална работилница на тема „Дигитална трансформација на логистиката и синџирите на снабдување во Западен Балкан WB6“
Денес, 3 јуни 2026 година (среда), во хотелот Панорамика во Скопје, успешно се реализираше првиот ден од дводневната регионална работилница на тема „Дигитална трансформација на логистиката и синџирите на снабдување во Западен Балкан (WB6)“.
На работилницата учествуваа претставници од бизнис секторот во областа на транспортот и логистиката, шпедицијата, претставници од банкарскиот сектор, Министерството за транспорт, асоцијацијата Макам-транс, како и експерти од земјите од регионот.
Преку презентации, дискусии и размена на добри практики, учесниците ги разгледаа можностите за унапредување на дигитализацијата, ефикасноста и конкурентноста на логистичките и транспортните процеси во земјите од Западен Балкан (WB6).
Настанот е организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) во рамки на проектот „Empowering Industry Associations for Regulatory Reform in the Transportation and Logistics Sector in North Macedonia“, во партнерство со програмата RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation.
Тематските сесии на работилницата, освен веќе презентираните се посветени на современите дигитални алатки во логистиката и управувањето со синџирите на снабдување преку намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста на компаниите.

