Успешно изведени специјализирани обуки за дигитални вештини за диспечерите и возачите во компанијата Боми 10

Успешно изведени специјализирани обуки за дигитални вештини за диспечерите и возачите во компанијата Боми 10

На 29 септември 2026 година (вторник), во просториите на компанијата Боми 10-Скопје се одржаа две специјализирани in-house обуки наменети за зајакнување на дигиталните вештини и унапредување на оперативните процеси во транспортот и логистиката. Пилот обуките беа изведени беа реализирани од ТоТ тренерите во рамки на проектот поддржан од Helvetas, преку програмата RECONOMY, надоврзувајќи се на воведувањето на е-ЦМР.

Програмата беше спроведена во две комплементарни сесии:  

Обука за диспечери, оперативни службеници и средно раководство која беше посветена на современите дигитални алатки за шпедиција и логистика, опфаќајќи ги сите фази од работниот процес – од понуда, планирање и берзи на товар, до царински процедури, е-ЦМР и фактурирање. 

Обука за возачи чиј фокус беше ставен на практичната примена на дигиталните алатки на терен, вклучувајќи навигација за камиони, следење на состојбата на граничните премини во реално време, управување со е-ЦМР документи, анализа на тахографски податоци и пронаоѓање безбеден паркинг. 

Со оваа едукација, тимот на Боми 10 направи значаен чекор кон целосна дигитална трансформација на своите услуги, овозможувајќи построга координација меѓу администрацијата и возачите, намалено време на чекање и зголемена ефикасност во меѓународниот и домашниот транспорт.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.