Успешно одржани пилот обуки за дигитални вештини и е-ЦМР за возачи, диспечери и шпедитери во ССКМ

Успешно одржани пилот обуки за дигитални вештини и е-ЦМР за возачи, диспечери и шпедитери во ССКМ

На 28 септември 2026 година (понеделник), во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) се одржаа две стручни пилот обуки за дигитални вештини, посветени на клучните чинители во транспортниот и логистичкиот сектор – возачите, како и средното раководство, оперативните службеници и диспечерите. Овие активности беа реализирани од ТоТ тренерите во рамки на проектот поддржан од Helvetas, преку програмата RECONOMY, надоврзувајќи се на воведувањето на е-ЦМР.

Обуките понудија целосен преглед на дигиталната трансформација низ работните процеси:

За возачите: Акцентот беше ставен на практично користење на дигитални алатки кои го олеснуваат теренското работење, вклучувајќи специјализирана офлајн навигација за камиони, следење на границите и царината во реално време, примена на законски усогласеното решение за електронски товарен лист, телематика и следење на возилата, анализа на работното време и тахографските податоци, како и апликации за безбеден паркинг.

За диспечерите, шпедитерите и средното раководство: Сесијата опфати сеопфатен преглед низ 6 фази од работниот процес на шпедицијата – од понуда, котација и TMS/ERP системи, преку пронаоѓање превозници преку европските берзи на товар, следење на пратки и царинско застапување, па сè до дигитални документи и електронско фактурирање и наплата.

Преку овие обуки, учесниците добија вредни насоки за комбинацијата од реални решенија со отворен код и комерцијални платформи, со цел зголемување на оперативната ефикасност, намалување на административните трошоци и целосна дигитализација на секојдневните процеси во транспортната индустрија.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.