Покана за учество на „Slovak Matchmaking Fair 2021 Online”

0
160

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Словачка во Скопје, Ве информира дека на 21ви октомври 2021 година, ќе се одржи „Slovak Matchmaking Fair 2021 Online” дигитална платформа во рамки на која компаниите може да остваруваат директни средби.

Овој настан има за цел воспоставување на директни средби и овозможува реализација на идни трговски партнерства помеѓу странски и компании од Словачка. Регистрацијата може да се направи најдоцна до 8ми октомври 2021 година на следниот линк – https://www.sario.sk/en/events-projects/slovak-matchmaking-fair-2021-online-0.

Програмата и сите останати информации може да ги погледнете на следниот линк – https://www.sario.sk/en/events-projects/slovak-matchmaking-fair-2021-online-0.

Доколку сте заинтересирани за учество, како и за дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: [email protected].