Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонското здружение на млади правници потпишаа Меморандум за соработка преку кој заеднички ќе работат на унапредување на состојбата и јакнење на целокупната економија, особено во процесот на негување и унапредување на претприемачкиот дух во деловниот сектор.
Взаемната соработка ќе придонесе за ефикасна размена на знаења и искуства од областа во кои двете страни имаат заеднички интереси, цели, приоритети, а особено во делот на едукација, правни совети и други услуги.