Chamber

Ексклузивен 10% попуст за членки на ССКМ за „The Heartbeat of Coaching“, 21 мај – Скопје

Ексклузивен 10% попуст за членки на ССКМ за „The Heartbeat of Coaching“, 21 мај – Скопје

На 21 мај, во хотел Александар Палас во Скопје, членка на ССКМ организира меѓународна коучинг конференцијаThe Heartbeat of Coaching“, настан кој носи нова перспектива за лидерството, развојот и начинот на работа со луѓе.

Ова не е класична конференција со пасивно слушање, туку динамично и интерактивно искуство, каде учесниците активно учествуваат, работат на реални ситуации и заминуваат со конкретни алатки што можат веднаш да ги применат во својата секојдневна работа.

Годинава, настанот обединува 5 интернационални предавачи, експерти со долгогодишно искуство и кариера во работа со лидери и организации на глобално ниво, кои ќе донесат свежи перспективи и практики директно од светската сцена.

Програмата вклучува и 8 паралелни работилници, со силен фокус на искуствено учење и практична примена. Секој учесник избира 4 работилници, што овозможува персонализирано искуство и директна вредност за сопствениот професионален развој.

Токму поради ваквиот формат, се препорачува од компаниите да присуствуваат најмалку двајца учесници, со цел да се покријат повеќе теми и стекнатото знаење да се пренесе и имплементира во рамки на тимот.

Конференцијата се базира на холистички пристап кон развојот, односно работа со целиот човек, мисли, емоции, тело и енергија, што овозможува подлабока и одржлива трансформација, а не само површни подобрувања.

Настанот е наменет за лидери, менаџери, HR професионалци, коучи и сите кои работат со луѓе и управуваат со процеси и сакаат да направат вистински исчекор во својот начин на размислување и делување.

За членките на Сојуз на Стопански Комори на Република Македонија, обезбеден е ексклузивен попуст од 10% за присуство на конференцијата.

Дополнително, постои можност за вклучување како партнер или поддржувач, преку пакети кои овозможуваат и промоција на компаниите како организации кои инвестираат во развојот на своите луѓе.

Повеќе информации за програмата и пријавување се достапни на:
https://coachingconference.mk/

За дополнителни прашања:
Телефон: +389 71 220 829 | +389 78 402 762
E-mail: info@coachingconference.mk

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.