Chamber

Одржана тркалезна маса и дискусија на тема: Олеснување на процесот на имплементација на eCMR во секторот транспорт и логистика во Република Северна Македонија

Одржана тркалезна маса и дискусија на тема: Олеснување на процесот на имплементација на eCMR во секторот транспорт и логистика во Република Северна Македонија

Вчера (16.04.2026 година – четврток), во хотел Холидеј Ин Скопје се одржа тркалезна маса и дискусија на тема транспорт и логистика, во рамки на проектот: “Empowering Industry Associations for Regulatory Reform in the Transportation and Logistics Sector in North Macedonia.”

Проектот се спроведува од Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ во партнерство со програмата RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation, кофинансиран од RECONOMY и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Настанот го отворија г-дин Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ, и Емилија Јованова Стоилкова, регионален менаџер за Западен Балкан на програмата RECONOMY, а потоа беа презентирани правните предизвици за развој на секторот транспорт и логистика, како и наодите од студијата на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ за ставовите на малите и средни претпријатија во однос на имплементацијата на eCMR. Дополнително, беа презентирани и практични решенија за негова примена од регионот пред претставниците на бизнис заедницата. Особен акцент беше ставен на потребата од координиран пристап и активно вклучување на сите релевантни чинители во процесот на имплементација во Република Севeрна Македонија.

Дополнително, беа споделени регионални искуства, вклучително и од Заменик Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора – г-дин Павле Радовановиќ, при што се овозможи конструктивна размена на мислења и добри практики во насока на дигитална трансформација на транспортниот сектор. Значајно внимание беше посветено и на практичната презентација на eCMR решението од страна на г-дин Жељко Бајшански, основач и директор на bitsEverywhere од Србија, кој ги презентираше придобивките и можностите за дигитализација во транспортниот сектор.

Настанот заврши со дискусија и заклучни согледувања, при што Сојузот на стопански комори на Македонија – ССКМ ја потенцираше важноста од понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, со цел успешно и ефикасно воведување на eCMR во Република Северна Македонија.

 

17-ти април, Скопје

Сојуз на стопански комори на Македонија

 

 

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.