Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи и Амбасадата на РСМ во Варшава, Ве информира дека од 04 до 06 Октомври 2021 година во Полска ќе се одржи “POLAGRA 2021”.
Оваа саемска манифестација опфаќа повеќе сектори односно во рамки на истата ќе се одржат FOOD, FOODTECH и HORECA активности во кои ќе бидат презентирани и застапени секторите од прехранбена индустрија (FOOD ), потоа нови технологии што овозможуваат одржување на највисоките безбедносни стандарди во производството на храна (FOODTECH), како и решенија кои ја подобруваат работата на рестораните и сместувачките капацитети (HORECA). Саемот е посетен од голем број на посетители и изложувачи од земјите на ЕУ, како и азискиот пазар, а оваа година е најавено учество на голем број компании од Полска.
Во рамки на саемот ќе се одржи и конгрес и посетителите ќе имаат можност да бидат дел од голем број на активности и остварат директни средби.
Сите дополнителни информации може да ги погледнете на следните линкови – www.polagra.pl/en, www.hostedbuyers.eu/en/polagra/.
Доколку сте заинтересирани за учество, како и за дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: [email protected].