ССК оствари средба со Државен пазарен инспекторат

0
274

Извршната директорка на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Христина Стојановиќ оствари средба со в.д. директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.


На средбата се разменија информации за работењето на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Државниот пазарен инспекторат секоја од свој домен на надлежност. Во насока на продлабочување на идна соработка беа разгледани мерки и активности кои ќе бидат превземени, а со цел да се влијае на унапредување на деловното опкружување и бизнис климата во државата, со посебен фокус на намалување на сивата економија и подобрување на конкурентноста.