Сојузот на стопански комори на Македонија во изминатите денови реализираше неколку состаноци со Фонд за иновации и технолошки развој, Државен инспекторат за труд и Царинска управа, со цел продлабочување на соработката и интензивирање на можностите за воспоставување на заеднички активности помеѓу институциите и членовите на Сојузот на стопански комори со цел креирање подобро деловно окружување.
Извршниот директор на Сојузот, г-а Христина Стојановиќ и потпретседателот г-а Габриела Кулебанова остварија средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој г. Коста Петров на која се разговараше за актуелните и идни активности и проекти на ФИТР во насока на промоција на иновациската дејност и подобрување на конкурентноста на претпријатијата.
Извршниот директор на Сојузот, г-а Стојановиќ и потпретседателот г-а Кулебанова остварија средба и со директорката на Државниот инспекторат за труд, г-а Јована Тренчевска на која се дискутираше околу можностите за воспоставување на континуирана соработка во насока обезбедување на поддршка на претпријатијата за прашања од областа на работните односи.
Како да се обезбеди подобра комуникација меѓу царинските служби и деловната заедница беше темата на средбата на г-а Стојановиќ и директорот на Царинската управа, г-а Славица Кутиров.