Покана за учество на Internatonal Food and Drink Event во Лондон

Покана за учество на Internatonal Food and Drink Event во Лондон

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на на РСМ во Лондон и Министерството за надворешни работи, Ве информира дека од 21 до 23 март 2022 година, во саемскиот центар во Лондон “ExCel” ќе се одржи Internatonal Food and Drink Event.

Саемот е интернационален настан со голем број на посетители и изложувачи, а особено претставува можност за македонските компании да ги презентираат своите производи и остварат соработка во Обединетот Кралство.

Сите детални информации за оваа саемска манифестација може да ги погледнете на: www.ife.co.uk. За рана регистрација, организаторите нудат и финансиски поволности и пријавувањето е врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“.

Доколку сте заинтересирани да го посетите саемот, како и за дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.