Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека Сојузот на стопански комори на Македонија во рамки на својата активност „Отворени денови” организира настан со Царинска управа на РСМ со цел јакнење на соработката и полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти во остварувањето на своите деловни активности.
Настанот ќе се одржи на ден 19.10.2021 година (вторник) со почеток во 11 часот преку платформата ZOOM.
Ве молиме Вашето присуство со целосно име и презиме, името на правното лице и е-маил адреса да го пријавите на следната е-маил адреса: [email protected] најдоцна до 15.10.2021 година. По добивањето на Вашата пријава, дополнително ќе Ви биде испратен линк за приклучување.
Сите адресирани прашања кои спаѓаат во доменот на надлежностите на Царинската управа, а се предмет на Ваш интерес, можете да ги испратите на е-маил адреса [email protected] до 15.10.2021 година.
За сите дополнителни информации можете да не контактирате на тел. 02 3 091-440 или на следната е-маил адреса: [email protected].