Сојузот на стопански комори во соработка со Адонис Груп Ве поканува да земете учество на два интернационални саеми кои ќе се одржат во Република Турција:
- 30-ти Интернационален Саем за пластика- PLAST EURASIA ISTANBUL 2021 кој ќе се одржи од 01.12 – 04.12.2021 во Истанбул, Република Турција. На следните линкови може да ги превземете официјалната покана и пријавниот лист за саемот. Рокот за пријавување на посета на саемот е до 17.11.2021.
- Интернационален Саем за метална индустрија кој ќе се одржи од 24.17. – 27.12.2021 во Бурса, Република Турција а во чии рамки ќе се одржат:
- Интернационален Саем за автоматизација- BUMA TECH AUTOMATION FAIR
- Интернационален Саем за обработка на метали- BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR
- Саем за обработка на лим- BURSA SHEET METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR
На следните линкови може да ги превземете официјалната покана и пријавниот лист за саемот. Рокот за пријавување на посета на саемот е до 08.11.2021.
За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL 2021 може да ја посетите веб страната http://plasteurasia.com/en/scope-of-the-fair.
За повеќе информации за BURSA METAL PROCESIING 2021 може да ја посетите веб страната http://bursamakinefuari.com/en/scope-of-the-fair.
Саемите ќе Ви овозможат размена на искуства и нови можности за соработка и проширување на Вашите деловни активности и создавање на трговски партнерства со реномирани компании од Република Турција.
Доколку сте заинтересирани за учество, како и за дополнителни информации Ве молиме контактирајте не’ на телефон: 02 3091440 или на е-маил: [email protected].