Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со надлежните институции ја продолжи својата активност „Отворени денови” овојпат со Фондот за иновации и технолошки развој како институција која обезбедува поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Северна Македонија.
Инструментите за поддршка на бизнис секторот, колаборативни грантови, менторската поддршка, планови и програми за 2022 година беа само дел од темите на денешната дискусија презентирани од страна на г. Коста Петров, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и други претставници на институцијата.
Во рамки на настанот двете страни изразија подготвеност за интензивирање и продлабочување на соработката во иднина и градење партнерски односи помеѓу Сојузот на стопански комори и ФИТР во насока на подобрување на деловното работење, финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој како и промовирање и поттикнување на иновациската дејност.
Во рамки на активностите со цел јакнење на соработката и полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти во остварување на своите деловни активности досега беа организирани „Отворени денови” со Царинска управа на РСМ, Државен пазарен инспекторат и Агенцијата за заштита на лични податоци.