Дигитална платформа за Б2Б помеѓу македонски и турски компании

0
346

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи и нашата Амбасада на Анкара, Ве информира дека Унијата на стопански комори и берзи на Турција (ТОББ), креира дигитална платформа во рамки на која има можност за поврзување со компании од Турција. Цел на платформата е претставување на понуда/побарувачка на производи и услуги и воспоставување на соработка со турски компании за заедничко инвестирање во проекти, здружување на капиталот, човечки ресурси и експертиза.

Регистрацијата на платформата е бесплатна и истата може да ја направите на следниот линк – www.tobb2b.org.tr.

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: [email protected].