Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на на РСМ во Нур-Султан и Министерството за надворешни работи, Ве информира дека од 22-24 Септември 2021 година, во саемскиот центар во Нур-Султан ќе се одржи Интернационален Индустриски Форум.

Настанот се одржува во рамки на Индустриската Недела и опфаќа саемски дел, конференции, директни средби, форуми, и е посетен од голем број на изложувачи. Сите детални информации за оваа саемска манифестација може да ги погледнете на: www.astana-expo.com.

Доколку сте заинтересирани да го посетите саемот, како и за дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.