Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека Сојузот на стопански комори на Македонија во рамките на својата активност „Отворени денови” организира настан со Државен пазарен инспекторат со цел јакнење на соработката и полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти во остварувањето на своите деловни активности.

Настанот ќе се одржи на ден 07.10.2021 година (четврток) со почеток во 11 часот преку платформата ZOOM.

Ве молиме Вашето присуство со целосно име и презиме, името на правното лице и е-маил адреса да го пријавите на следната е-маил адреса: info@chamber.mk најдоцна до 05.10.2021 година. По добивањето на Вашата пријава, дополнително ќе Ви биде испратен линк за приклучување.

Сите адресирани прашања кои спаѓаат во доменот на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат, а се предмет на Ваш интерес, можете да ги испратите на е-маил адреса info@chamber.mk до 05.10.2021 година.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате на тел. 02 3 091-440 или на следната е-маил адреса: info@chamber.mk