Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија г-а Христина Стојановиќ и претседателот на Индустриската комора г. Трајан Ангелоски остварија работна средба со г. Патрик Мартенс директорот на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија. Фокусот на средбата беше ставен на разгледување нови можности за проширување на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на трговската размена и инвестициите. Соговорниците потенцираа дека во иднина ќе се залагаат за интензивирање на соработката на повеќе нивоа.
Home БИЗНИС ИНФО НОВОСТИ Сојузот на стопански комори на Македонија оствари средба со Делегација на германското...