Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за заштита на лични податоци организираше настан „Отворени денови“ на кој членовите на Сојузот имаа можност директно да комуницираат со претставник на оваа институција за прашања поврзани со делокругот на нејзиното работење.
Заменик-директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, г. Игор Кузевски одговараше на директни прашања поставени од страна на учесниците на настанот. Фокусот на интересот беше ставен на ефикасна имплементација на Законот за заштита на лични податоци.