Интернационалниот Саем за текстилни материјали Texhibition Istanbul 2022

0
722

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со компанијата Таргет експо  Ве поканува да земете учество на Интернационалниот Саем за текстилни материјали Texhibition Istanbul 2022 кој ќе се одржи од 16-18 март во главниот град на модата – Истанбул, Турција.

На саемот преку свои штандови учество ќе земат компании кои работат со различни видови на текстил и од различни категории на модата: женска и машка гардероба, облека за бебиња и деца, облека од кожа, крзно и тексас, спортска облека, вечерни фустани и венчаници, долна облека и чевли. На саемот исто така ќе имате можност и да се сретнете со дизајнери на модни брендови и со медиумски влијателни лица од модниот свет.

Саемот е отворен за менаџери за набавка во меѓународни синџири на продавници и стоковни куќи, менаџери на продавници специјализирани за одредени групи на производи, менаџери на онлајн продавници, за увозници и трговци на големо, за сопственици на бутици и за сите останати кои работат со текстил и мода.

На следните линкови можете да ги превземете Поканата и пријавниот лист за настанот.

Доколку сте заинтересирани за учество на саемот, Ве молиме да го пополните пријавниот лист и да го пратите на емаил [email protected]. Краен рок за пријавување е 28.02.2022 година.

За дополнителни информации може да не’ контактирате нa [email protected] или на телефонскиот број 02/ 3091-440