На иницијатива на Министерството за надворешни работи и г. Abdilxhemil Saiti, Економски Амбасадор на РСМ во Германија и Австрија, Сојузот на стопански комори на Македонија присуствуваше на работна средба за отворање и водење на бизнис во градот Нирнберг, Германија.
Г. Marco von Dobschütz кој раководи со секторот за меѓународна соработка на градот Нирнберг ги презентираше поволностите за отворање на компанија во Нирнберг и можностите за финансиска поддршка кои градот ги нуди. Исто така, ги претстави и услугите кои ги нудат како поддршка за компаниите, а ги презентираше и атрактивните економски локации во градот. Компаниите членови на ССК кои присуствуваа на средбата имаа можност да дискутираат за влез на германскиот пазар и како во иднина да создадат трговски партнерства.
Ова е почеток на економска соработка со градот Нирнберг по што во иднина Сојузот ќе ги промовира предностите за отворање и водење на бизнис, со фокус на искористување на финансиска поддршка за македонските компании.