Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г.Трајан Ангелоски учествуваше на онлајн форум за трговска и инвестициска соработка помеѓу Општина Дали, провинција во Н.Р.Кина и Општина Гази Баба, кој беше организиран од Амбасадата на Н.Р. Кина во Скопје и општината Гази Баба, со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Претседателот на ССК се обрати како говорник и ја претстави деловната клима во РСМ како и потенцијалите за соработка со кинеските компании.
“Западен Балкан и понатаму останува регион со релативно неискористен економски потенцијал. Процесот на соработка има потенцијал да постигне поголема ефикасност и од зголемена регионална соработка и за заеднички пристап кон проектите што доаѓаат од Иницијативата 17+1. Зголемување на соработката во пост-пандемискиот период и обновување на нашите општества и економии е особено важно и треба да биде насочено кон специфични проекти како земјоделство, енергетика, патна инфраструктура, образование, и особено во здравството, како и реализација на капитални инфраструктурни проекти” истакна г-н Ангелоски.
На состанокот присуствуваа и се обратија и Амбасадорот на НР Кина Џанг Зуо, г. Јанг Гуозонг, генерален секретар на Дали, Јунан, извршен претседател на Меѓународната трговска комора на Дали и градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски.
На состанокот беа презентираните општините Дали и Гази Баба, нивните потенцијали за инвестирање, а присутните ги потврдија и можностите за соработка со насока за нивно унапредување.
Сојузот на стопански комори на Македонија во 2015 година потпиша Меморандум за соработка со All-China Federation of Industry and Commerce (ACFIC), со што се формализираат континуираните напори на Сојузот да ја поттикне и унапреди економската соработка меѓу нашата земја и НР Кина на ниво на претставници на приватниот сектор, како и да се зголемат можностите за извоз и создавање на трговски партнерства.