ЕКСПО 2020 ДУБАИ ќе започне на 1 октомври 2021 година

Престижната саемска манифестација ЕКСПО 2020 ДУБАИ која требаше да почне на 20 октомври 2020 гoдина, а беше одложена поради пандемијата, ќе се одржи од 1 октомври 2021 година до 31 март 2022 година.

Организаторот на настанот информира дека ЕКСПО 2020 ДУБАИ го задржува своето име и останува посветена на тоа да биде домаќин на исклучителен настан каде ќе се промовира креативноста, културата и иновациите на човештвото – вклучувајќи ги и големите технолошки достигнувања во областа на медицината и науката.

Владата на РСМ која организира бесплатно преставување на домашните компании на оваа манифестација во наредниот период ќе информираат за новите активности за организација на настанот.

На овој линк може да ја погледнете информацијата за новите датуми за одржување на настанот која ја објавува организаторот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here