Информација за објавени уредби со законска сила

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека во Службен весник бр.86 од 01.04.2020 година се објавени неколку уредби со законска сила кои Владата на РСМ ги донесе во рамките на  мерките насочени справување со ширењето на Ковид-19 меѓу кои и уредбите на Законот за извршување и на Законот за акцизи.

Во прилог пренесуваме кракот преглед на истите:

Уредба за примена на Законот за извршување во време на вонредна состојба
 
Солгасно оваа Уредба, Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16, 142/16 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/20) нема да се применува до 30 јуни 2020 година, освен:

  • во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;
  • распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови,
  • дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба,
  • примање на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања за извршување,
  • изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите,
  • изготвување на налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и  изготвување на налог за забрана за располагање и
  • оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Целосната содржина на оваа уредба е достапна на овој линк.
 
Уредба со законска сила на Законот за акцизи за време на вонредна состојба

  • Согласно оваа Уредба, приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување заклучно со 30 јуни 2020 година.

Целосната содржина на оваа уредба е достапна на овој линк.
 
Уредба со законска сила на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железнички сообраќај во време на вонредна состојба

  • Полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

Целосната содржина на оваа уредба е достапна на овој линк.
 
Уредба со законска сила на Закон за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба

  • Полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
  • Важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

Целосната содржина на оваа уредба е достапна на овој линк.
 
За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here