Известување за затворање на границата со Република Албанија за физички лица

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека од страна на Амбасадата на Република Албанија сме известени дека албанската влада донесе одлука за затворање на сите гранични премини со соседите за физички лица.

Во однос на товарниот сообраќај, забраната не важи и истиот може да се одвива преку граничен премин Ќафасан.

Во случај на потреба албански државјанин, во својство на физичко лице да ја помине македонско-албанската граница препорачуваме да се контактира амбасадата на Република Албанија, за да се информира за мерките и препораките за заштита и превенција од Covid 19 во Албанија.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440