Јавен повик за доставување понуди за ангажирање на продукциска куќа

0
456

Сојузот на стопански комори на Македонија како ко-координатор во спроведување на проект „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Национална федерација на фармери и Здружение на бизнис жени како координатор за спроведување на проектните активности, има потреба од ангажирање на продукциска куќа којашто ќе произведе видео и аудио записи на теми поврзани со женско претприемништво.

Цел на проектот:

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
  • Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области.

ОПИС НА АКТИВНОСТИ

Продукцискиот материјал ќе се користи  за подобрување на видливоста на проектот, промоција на неговите активности и цели, како и во рамки на медиумска кампања за унапредување, раст и развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија.

Продукциските куќи кои ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги:

  • Да произведат  видео и аудио записи за 19 настани поврзани сопроектот „Национална платформа за женско претприемништво“;
  • Форматот на продукцискиот материјал да биде соодветен за емитување на Yu-tube, на радио поткаст и  социјалните мрежи;
  • Да бидат подготвени да соработуваат со тимот на проектот околу прецизирање на темите и подготовка на сценаријата

ПРИЈАВУВАЊЕ: Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда во која ќе се презентираат информации за досегашната работа и капацитетот на компанијата и финансиската понуда.

Критериуми за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови за секој елемент на критериум економски најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 50 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 50 бодови.

  • искуство во слични задачи – 20 бодови
  • финансиска понуда – 30 бодови

Понудите може да се испратат на следната е-маил адреси [email protected] или на [email protected].

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Повикот е отворен до 03.05.2021 година до 16:00 часот.

Јавниот повик е достапен  на следниот линк.