Chamber

Проектниот менаџер на INNOFEIT EDIH во посета на водечки хабови за роботика во Шпанија: Автоматизацијата како одговор на недостигот на работна сила во македонската индустрија

Проектниот менаџер на INNOFEIT EDIH во посета на водечки хабови за роботика во Шпанија: Автоматизацијата како одговор на недостигот на работна сила во македонската индустрија

Како дел од активностите за поддршка на дигиталната трансформација, Веснa Кузмановиќ, проектен менаџер на INNOFEIT EDIH и претставник на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССКМ) Лидија Корнакова, остварија работна посета на престижниот европски дигитален иновациски хаб (EDIH) во Билбао, како и на иновацискиот развоен центар во Сан Себастијан – Усурбил.

                                 

 

Посетата е реализирана со цел директно согледување и пренесување на најдобрите европски пракси во развојот на иновациски лаборатории и хабови за роботика. Оваа иницијатива доаѓа како одговор на јасно детектираните потреби во индустрискиотсектор во Македонија, каде бизнисите се соочуваат со сè поизразен недостиг на работна сила, особено во делот на тешката физичка работа.

 

Преку ваквите меѓународни соработки и партнерства, ССКМ како партнер во проектот и INNOFEIT EDIH продолжуваат да градат силни мостови помеѓу напредните европски технолошки центри и македонската бизнис заедница, нудејќи конкретни решенија за реалните предизвици со кои се соочува домашната економија.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.