Се одржа и третата ToT обука за обучувачи во рамките на RECONOMY проектот

Се одржа и третата ToT обука за обучувачи во рамките на RECONOMY проектот

На 17 август 2026 година (понеделник), во просториите на Сојузот на стопанските комори (ССКМ), се одржа третата обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) во рамките на RECONOMY проектот, кој ССКМ го спроведува во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation.

Обуката беше насочена кон продлабочување на знаењата и практичните вештини на учесниците преку обработка на стручни и релевантни теми, со посебен фокус на зајакнување на нивните капацитети за понатамошно пренесување на стекнатото знаење.

Преку интерактивни сесии, практични примери и размена на искуства, учесниците имаа можност дополнително да ги унапредат своите компетенции и да се подготват за понатамошно спроведување на обуки и активности во рамките на проектот.

Третата ToT обука претставува уште еден значаен чекор во процесот на континуирано градење на капацитетите и развивање на мрежа на обучувачи кои ќе придонесуваат кон успешното остварување на целите на RECONOMY проектот.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.