Во тек втор уписен рок на „ Правен факултет „Јустинијан Први“

Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека се објавени cлободни места за запишување студенти во вториот уписен рок  на „ Правен факултет „Јустинијан Први“ кој ќе се реализира до 22 февруари 2019 година.

Како што информира деканот проф.д-р Горан Коевски, Правниот факултет ги осовремени и реакредитираше студиите на сите студиски програми. Студиските програми се реакредитирани како едногодипни студиски програми и двегодишни студиски програми во втор циклус. Едногодипните студиски програми се наменети за кандидатите кои завршиле четиригодипни студии, односно се стекнале со најмалку 240 кредити, пред или по воведување на ЕКТС системот. Двегодишните студии од втор циклус се наменети за кандидати кои што во претходното образование завршиле тригодипни студии односно стекнале 180 кредити по воведување на ЕКТС системот.

Подетални информации за студиските програми и насоките, како и за условите за запишување, може да погледнете на следниот линк.