БИЗНИС МОЖНОСТИ
СО 
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО ВО РСМ

Датум: 21.12.2021 (вторник) 
Време: 10 часот 
Meсто: ZOOM платформа 

Почитувани,

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на виртуелна бизнис средба организирана од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Делегација на германското стопанство во Северна Македонија, на која ќе имате можност да се информирате за условите и поддршката при влез на пазарот во Германија, информации кои ќе Ви помогнат подобро да го процените германскиот пазар и како да воспоставите соодветни деловни партнерства.

Настанот ќе се одржи на ден 21.12.2021 година (вторник) со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.

Ве молиме, Вашето присуство со целосно име и презиме, името на правното лице и е-маил адреса да го пријавите на следната е-маил адреса: info@chamber.mк  најдоцна до 20.12.2021 година. По добивањето на Вашата пријава, дополнително ќе Ви биде испратен линк за приклучување.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате на тел. 02 3 091-440 или на следната е-маил адреса: info@chamber.mk.