Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Република Казахстан во Будимпешта Ве поканува да учествувате на “KazAgro – 2021” и “KazFarm – 2021” што ќе се одржи од 20 до 22 Октомври, 2021 година во градот Нур-Султан, Казакистан.

Саемските манифестации ќе ги покријат сферите на семиња, агро иновации, опрема и технологија и користење на ИТ технологии, а учесниците ќе имаа можност да посетат изложбени простории на компаниите од Казахстан, како и да остварат директни средби и учествуваат на работилници.

Доколку сте заинтересирани за учество, како и за дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.