Претседателот на Агро комората, Огнен Оровчанец и извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Александар Зарков, одржаа состанок со делегација на Семенарската Асоцијација на Србија.

На состанокот се водеше дискусија за условите за семепроизводство во Македонија и Србија, соработката на компаниите од двете земји, следење на европска регулатива во областа, како и отстранување на бариерите за зголемување на трговијата.