Групацијата за приватно здравство во ССК одржаа средба со директорите на Фондот за здравство

Групацијата за приватно здравство во Сојузот на стопански комори, предводена од д-р Тања Дејановска, д-р Борислав Јосифовски и м-р Марија Фидановска одржаа средба со директорите на Фондот за здравство г. Ден Дончев и г. Орхан Рамадани. На средбата се дискутираше за значајни прашања поврзани со подобрување на работата на приватните здравствени установи. На состанокот присустуваше и д-р Марјан Денковски, претседател на Стоматолошката комора.