ССК на редовна консултативна средба со претставници на Европска Комисија

Во Сојуз на стопански комори на Македонија, се одржа средба на комори и економски оператори со Оценската мисија на претставници од Европската комисија за спроведувањето на јавните набавки.

На состанокот се дискутираше за спроведувањето на јавните набавки, а особено за новиот Закон за јавните набавки кој се применува од 1 април годинава. Беше истакнато дека новиот Закон за јавните набавки треба да придонесе кон елиминирање на предизвиците од претходното законско решение, како критериумот за најниска цена, слободна и фер конкуренција и поголема транспарентност при јавните набавки.

Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите. Независно од тоа кој пристап се користи, при евалуација на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, се врши усогласување со европските директиви, а коморите ја поздравуваат истата, бидејќи е на барање на приватниот сектор од изминатите години. Сепак имплементацијата треба претпазливо да се спроведува, а особено е важно да преку посебни акти кои ќе бидат направени во соработка со економските оператори, се одредат под критериуми за секоја гранка одделно, бидејќи истите имаат свои карактеристика од кои зависи успешната реализација на јавните набавки.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here