Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, во соработка со Јарослав Нанак, претседател на Конфедерација на индустрија на Р.Чешка во рамки на Македонско – Чешкиот Бизнис Форум, денес предводеа бизнис делегации од над 150 компании од двете држави.  Бизнис Форумот е во насока на склучување партнерства за зацврстување на деловните релации меѓу двете земји како и зголемување на трговската размена.

Инфраструктура, автомобилска индустрија, градежништво, земјоделство со посебен акцент на прехрамбената индустрија, како и можности за реализација на проекти за управување со водни ресурси, индустрија за отпад, еколошки заштитни технологии беше фокусот на кој компаниите од двете земји ги детектираа можностите за соработка. Трговската размена меѓу двете земји е во нагорна линија, со потенцијал за унапредување и соработка со цел намалување на разликите во размената. Во исто време, на економски план за натамошен развој на соработката меѓу двете земји, ќе отпочнеме со интензивирање на деловните партнерства и промовирање на секторите со висок потенцијал за остварување успех на билатерално ниво“, изјави Арсовска

Јарослав Нанак, претседател на Конфедерација на индустрија на Р.Чешка истакна дека Чешката Република има долга традиција на историски, економски и културни врски со Северна Македонија и земјите од поранешна Југославија.

„Нашите трговски врски имаат историја која датира од времето на поранешната Чехословачка. Традиционалните чешки брендови се добро ценети и двете земји отсекогаш биле наши вредни деловни партнери. Нивниот висок економски потенцијал ќе биде дополнително зајакнат со планираното пристапување кон Европската Унија“, изјави Нанак.

Согласно Државниот Завод за статисика во споредба со 2017 година, во 2018 година извозот е зголемен за 14%, а увозот за 16 %. Просечен раст на размената во 2018 година во однос на 2017 е 15%.