Претседателот на Сојуз на стопански комори (ССК) Данела Арсовска и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски потпишаа меморандум за соработка. Целта на потпишување на меморандумот е градење на партнерството кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу Општината и деловната заедница. Приоритет е економскиот развој на Општина Бутел и создавање поволни услови за водење бизнис.
Сите активности ќе се одвиваат преку формирањето на Деловниот клуб во кој ќе членуваат претставници на компании од различни дејности и претставници од Општина Бутел.
,,Ќе има голем прогрес во бизнисот,,- истакна градоначалникот Велимир Смилевски, веднаш по потпишувањето на меморандумот.
,,На територијата на општи
на Бутел имаме една развиена индустриска зона, Визбегово и една во подем, а тоа е идустриската зона Расадник. Во наредниот период ќе подготвиме солидна презентација на можностите на Општината пред членките на Сојузот на стопански комори и убеден сум дека работоте ќе тргнат по нагорна линија,, – додаде градоначалникот Смилевски.
Претседателот на ССК, Арсовска истакан дека продолжува веќе добро воспоставената пракса на Сојузот за зајакнување на соработката меѓу општините и деловната заедница преку формирање на Деловен клуб во рамки на самата општина.
„ Компаниите кои делуваат на ниво на општината заеднички здружени и преку комората, а сега и преку општинскиот Деловниот клуб ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. На овој начин ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските за потребите како на деловната заедницата, така и на општината во повеќе сфери од заеднички интерес, како потреби на пазар на труд, размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината“