Сојузот на стопански комори на Македонија оствари средба со Министерство за финансии

0
104
Потпретседателот на, г.Драган Митковски, како и членовите на Управниот одбор, г-а Александра Андреева и г.Благоја Грозданов остварија работна средба со Министерот за финансии г. Фатмир Бесими.
На средбата министерот за финансии г. Фатмир Бесими го презентираше „Планот за забрзан економски раст” на кој беа презентирани глобалните и регионалните предизвици за раст и развој, како и инструментите и механизмите за финансирање.
Г.Митковски истакна благодарност за можноста Сојузот на стопански комори на Македонија да се вклучи во процесот на изготвување на проектираната рамка за забрзаниот економски раст и нејзино спроведување.
„Потребно е да се има добра стратегија и пристап во креирање на деловна клима со функционална администрација како и да се изнајде системско решение на сите пропусти и институционална неусогласеност“, истакна г.Митковски.
Г-а Андреева порача дека треба да се унапреди бизнис опкружувањето за да се стимулираат и охрабрат домашните претпријатија преку позитивни наместо репресивни мерки за да инвестираат во државата, со акцент на децентрализација кон помали градови и рурални средини, што ќе придонесе за растот на економијата.
Г.Грозданов посочи дека покрај сивата економија која е голем проблем на кој треба да се работи во насока на негово намалување и минимизирање исто така треба посебно внимание да се обрне и на недостигот од човечки капитал.