Прирачник за трговија на мало

Како дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива кој се имплементира од страна на Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Стопанска Комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска Комора на Македонија во партнерство со ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, објавен е новиот „Прирачник за трговија на мало“, изработен од страна на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во прирачникот многу корисни информации може да добијат сите кои се занимаваат со трговија на мало, или пак претприемачи кои размислуваат да започнат сопствен бизнис со отворање на продавница или друг вид на трговски објект за продажба.

Прирачникот за трговија на мало одговара на прашањата каде се врши трговија на мало, кој може да врши трговија на мало, потоа за условите, просториите и типовите на продажба, начинот на водење на евиденција, должности на трговецот, информирање и заштита на потрошувачите, регистрирање на готовински плаќања, забрана за промет на добра (продажба на мало) поради пропусти во регистрација на прометот, ограничувања, надзор над примена на обврските во трговијата на мало и постапка по основ на утврдена неправилност, како и прекршочни санкции и прекршочна одговорност

Прирачникот за трговија на мало може да го преземете во целост бесплатно на следниот линк на македонски јазик, и на следниот линк на албански јазик.

Овој прирачник е подготвен со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во оваа публикација „Прирачник за трговија на мало“ им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here