Регионален портал на Деловни Регистри

Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека од денес е активен BIFIDEX (Business and Financial Data Exchange) кој претставува платформа за испорака на услуги на Регионалниот Портал на Деловни Регистри – www.bifidex.com.

Како први понудувачи на услуги во Југоисточна Европа порталот нуди широка палета на услуги за бизнис интелигенција, комбинирајќи финансиски и статусни податоци од директно поврзани регистарски извори.

Платформата нуди услуги кои се креирани од податоци преземени од директно поврзани официјални регистри во регионот, без никакви посредници. Тоа овозможува да бидеме лидери на пазарот за аналитика на податоци во Југоисточна Европа, нудејќи најажурни информации, комбинирајќи најширок опфат на податоци и најдетални прегледи на цели индустрии, со нивна споредба помеѓу повеќе јурисдикции. Сите услуги се креирани со единствена методологија, која овозможува меѓудржавна споредба на податоците, уважувајќи ја конверзијата во различни јазици и валути.

Основните пребарувања на правни и физички лица се бесплатни, за да можете да го пронајдете субјектот за кого сакате да видите подетални услуги.

Регионалниот Портал на Деловни Регистри е резултат од проектот финансиран од страна на Европската Банка за обнова и развој (www.ebrd.com), во своето настојување да помогне во зголемувањето на инвестициите во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Проектот започна во септември 2017 година како заедничка соработка помеѓу Агенцијата за Деловни Регистри на Република Србија (www.apr.gov.rs) и Централниот Регистар на Република Северна Македонија (www.crm.com.mk). Во октомври 2018 проектот е трансформиран во отворен мултилатерален Договор, со кој управува Управен Одбор од сродни регистарски институции.

Во моментов порталот е поврзан со официјалните регистри во Србија и Северна Македонија, но наскоро ќе се поврзе со уште неколку други извори на податоци и регистри од регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here