Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Колумбија во Унгарија Ве поканува да земете учество на 90. по ред издание на Business Matchmaking форумот, најголемиот и најважниот бизнис настан во Колумбија кој ќе се одржи од 28 до 29 март во градот Меделин и од 31 до 01 април во градот Кали, Колумбија.
Business Matcmaking форумот кој е во организација на колумбиската Владина агенција ProColоmbia ќе биде настан на кој ќе присуствуваат голем број интернационални компании и на истиот ќе бидат претставени најквалитетните добра и услуги од колумбиско потекло. На настанот ќе имате можност за face to face средби со претставници на компании од различни области.
Информативниот флаер заедно со линкот за регистрација можете да го превземете на следниов линк.
Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме да не’ контактирате на телефон: 02 3091 440 или на следната емаил адреса: [email protected]