Покана за седница на Собрание на ИКТ Комора на Македонија (бр.1/2022)

0
367

До: Членови на ИКТ Комора на Македонија

Предмет: Покана за седница на Собрание на ИКТ Комора на Македонија (бр.1/2022)

Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека согласно член 4.2.3 и член 4.2.4 од Статутот на ИКТ Комора на Македонија, Претседателот на Комората, г. Саша Огненовски, свикува седница на Собрание на ИКТ Комора на Македонија.

Седницата ќе се одржи на 25.02.2022 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија со следниот предлог:

Дневен ред:

  1. Усвојување на Записник од претходно одржана седница
  2. Избор на органи и акти за работа
  3. Одлука за промена на седиште
  4. Разно

Ве молиме Вашето присуство задолжително да го регистрирате на тел: 02 30 91 440 или на е-маил: [email protected], најдоцна до 24.02.2022 година.

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на тел: 02 30 91 440 или на е-маил: [email protected].