Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Тунис во Белград, Ве информира за можноста за Ваше учество на интернационалниот економски саем „Mediterranean Building Exhibition“ кој ќе се одржи од 3 до 6 ноември 2021 година на Интернационалниот саем во Сфакс, Тунис.
На овој специјализиран интернационален економски настан ќе се презентираат најнови достигнувања на полето на еколошката градба, иновациите и новите технологии во градежниот сектор. Саемската манифестација вклучува и одржување на економски форум, научен форум, форум за иновации, форум за лидерство и промоција, партнерски состаноци.
Минатата година на овој интернационален саем учествуваа 350 изложувачи и 47.000 посетители од 32 држави.
Повеќе информации за саемската манифестација може да најдете на salon-medibat.com, a формуларот на пријавување за учество може да го најдете на следниот линк.