Формирана Групација на рентакар компании при ТУК на ССКМ

Во рамките на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија се формира Групација на рентакар компании. Соработката денеска беше и официјално потврдена на заеднички состанок на претседателот на Туристичко-угостителската комора Владимир Граматиков и претставници на компаниите. Претседавач на Групацијата на рентакар компании ќе биде Рамадан Идризи.

Групацијата на рентакар компании ќе работи на креирање на подобра деловна клима за работа на деловните субјекти од овој сектор преку донесување и имплементација на соодветна регулаторна рамка и мерки за борба со сивата економија.