Одлука на Владата за затворање на границите

Владата донесе одлука за затворање на сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб.

Се затвора Меѓународниот Аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродром по истек на 48 часа од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и летови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препорака за истото.

Согласно мерките од заклучоците бр. 3 и 4, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19.

Соопштението на Владата во целост е достапно на следниот линк. https://vlada.mk/node/20544